Лозано, сепак, ќе пее на македонски


1lozano500

По втората проба во Малме арената, нашата евровизиска делегација донесе конечна одлука, делот кој го пее Влатко Лозаноски- Лозано место на англиски како што беше првично планирано ќе го отпее на македонски, секако со деловите на Есма кои се на ромски јазик.

Според кореографијата двајцата пејачи на сцената се појавуваат еден по еден и пеат на различни страни од сцената пред да се спојат на средината дури на крај на песната. Додека трае нивната изведба зелената, жолтата и пурпурната боја ја збогатуваат сценографијата.

Нина Јанева и Елеонора Мустафова, кои ќе им прават друштво на сцената како придружни вокали, ќе настапат под редниот број 3 во втората полуфинална вечер закажана на 16 мај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1