Никогаш не верував дека ќе се најдам во таква безизлезна ситуација како по објавувањето на „Империја“. Ја поддржувам јавноста, која брзо и искрено изреагира и се направи нова песна што ќе ги задоволи сите вкусови, вели Влатко Лозаноски-Лозано во интервју за Дневник.
Не бил вовлечен во скандали, вербални пресметки со колеги, афери. Скромноста и повлеченоста се печат на Влатко Лозаноски-Лозано. Иако доживеал и тешки мигови, искрено признава дека никогаш не се соочил со ситуација како таа што настана по промовирањето на првата евровизиска тема „Империја“. Вели дека човекот учи додека е жив, а ова искуство го направило посилен.
Kако ги издржавте деновите кога цела јавност ја негираше „Империја“? Може ли да се каже дека поминувавте низ најтешкиот период во кариерата?
– Не ми беше лесно, верувајте. Мислам дека беше најтешкиот период во мојата кариера. Никогаш не верував дека ќе се најдам во таква безизлезна ситуација. Добро е што во право време се презеде нешто сериозно. Сепак, ги поддржувам слушателите кои брзо и искрено изреагираа. Ние работиме за нив, па затоа веднаш се пронајде излезно решение – нова песна што ќе ги задоволи сите вкусови.
– Верувам во „Пред да се раздени“, пред с` поради тоа што песната е исполнета со многу емоции, во која вокално со Есма можеме повеќе да се изразиме. Не ми е сеедно за коментарите, секако, дека многу е битно мислењето, не само на моите фанови туку и на цела нација, како и на европските евровизиски фанови. Но мислам дека го направивме вистинскиот избор на песна. Без разлика на пласманот во Шведска, оваа композиција ќе остане да се слуша и понатаму.
Целото интервју на – Дневник