Еден говорник пред парламентот праша: Каде е сега Љубчо?
Буквално баш во тој момент шетав со пријатели и бев негде околу споменикот на Александар.А ти непознат патриоту кај беше ти кога Љубчо се бореше за Македонија? Потсети се какви трици тогаш си ручал и колку многу си верувал дека тоа е наместена војна. Ако побараш внимателно ќе најдеш дека уште пред петнаесет години сум ги предвидел денешните настани.
Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа.
И така патриоту, битката што ја водите многу одамна е изгубена. А многу од тие што денес сте пред парламентот дадовте придонес во тој пораз.
(Статус на Фејсбук на Љубчо Георгиевски)