,,Љубовен бонус,, ако се смувате со колега од работа


Кинеска IT компанија на своите работници им понудила `љубовен бонус`. Имала за цел да ги охрабри вработените да започнат врски меѓу себе и затоа им нуди поголема платата на оние кои ќе се во врска.

 Фирмата Chengdu од провинцијата Сечуан, одлучила бонусот да биде 1.112 јуани (околу 180 долари), а целта е да се подигне моралот во канцелариите, пишува весникот People’s Daily.

Извршните директори на фирмата оваа идеја ја добиле откако за време на одбележувањето на Денот на самците процениле дека вработените кои не се во врска или во брак биле потресени, несконцентрирани и помалку ефикасни на работа. Сега се надеваат дека ако се заљубат едни во други, нивните вработениќе придонесат за севкупна хармонија во компанијата.

Освен тоа, фирмата на поединци кои штотуку раскинале со своите партнери или се развеле можат да добијат два слободни дена кои ќе им бидат платени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1