Љубовна трагедија се случила во Германија во која 23-годишниот Србин Мирко Миленковиќ е убиен бидејќи сакал да се ожени со Хрватка.
Убиството го извршил братот на неговата свршеница 19-годишната Даниелa, Доминик.С по потекло од Хрватска.
Убиенот Мирко минатиот викенд во Франкфурт со својот живот ја платил љубовта кон Даниелa. С, млада хрватска со која планирал да се ожени, пренесуваат германските медиуми.
Без никаков повод, освен национална омрза, Мирко бил избоден до смрт пред куќата на неговата девојка од страна на нејзиниот малолетен брат.
Мирко отишол да ја чека својата девојка пред куќата кога таа чула кавга и истрчала надвор. Но веќе било доцна. На плочникот лежел крвав нејзиниот иден сопруг, а нејзиниот роден брат со крвав нож во раката стоел над него.
Веднаш по злосторството убиецот е приведен и сместен во затвор за малолетници.
Семејствата се скршени и не можат да се соземат бидејќи наместо планираната свадба трагедија ги зави во црно нивните семејства. Родителите на Мирко не го обивнуваат семејството на девојката.
,, Тие веќе го сметаа за свој зет и одлично се сложувавме, и тие се во шок – никој не можеше да претпостави,, вели таткото на Мирко.
Се претпоставува дека младото момче се дружело со лошо друштво кое постојано му велеле како можеш да дозволиш сестратида биде со србин. Според информациите од семејствата тој неколкупати влегувал во конфликт со Мирко, но ништо не навестувало на ваков трагичен крај.
Националната задоеност не му е од домот – тоа се многу фини и цивилизирани луѓе. Се дружеше со млади албанци од косово кој неколупат го задевале Мирко, но тој бидејќи е роден во Германија не ја разбираше таа национална омраза. Ја сакаше девојката, и таа него. Изнајмија стан и планираа заеднички живот, вели вујкото на настрданото момче