Претседателот на Русија, Владимир Путин, наводно има две малолетни деца со поранешната шампионка во гимнастика Алина Кабаева (29), пишува американскиот таблоид “Њујорк пост,,
Освен тригодишниот син за кој пишуваа медиумите Путин сега има и ќерка, според информациите Ана се породила неодамна.
Кабаева, моментно е пратеник во парламентот на Русија од партијата на Путин “Единствена Русија”, а според таблоидот ќерката ја родила во ноември минатата година.
Московски кореспондентт во 2008 година откри дека Путин тајно се верил со Кабаева , но милјардерот Александар Лебедев, сопственикот на весникот, набрзо ја повлече приказната, а веднаш потоа весникот згасна.
Кабаева е пак некогашна олимпијка и дел од репрезентацијата на Русија во ритмичка гимнастика.
Таа тврди дека 3 годишното дете не е нејзин син туку внук. Путин со неговата законска жена има 2 големи ќерки.
Сопругата на Путин, Људмила пак се нема појавено во јавноста од неговата инагурација минатата година, а годинава не организираше и прослава по повод нејзиниот 55. роденден.
Путин наводно Алина, заедно со двете деца, ја сместил во претседателскиот летниковец во Сочи, на брегот на Црното Море.
Људмила пак е заробена во 1.500.000 долари вредната државна палата која е изградена на имотот на манастирот Јелизаров, во близина на грницата со Естонија