„Луд“ научник пукаше во себе за да ги докаже законите на физиката (ВИДЕО)


Норвешкиот научник Андреас Вал сакал да докаже што ќе се случи кога во себе од пушка ќе истрела куршум под вода. Иако знаел дека неговите пресметки се точни, ова искуство воопшто не било пријатно.bazen naucnik

Андреас Вал во базенот стоел свртен кон автоматска пушка во костим за капење, само за да ја демонстрира разликата помеѓу отпорот на воздухот и водата. Андреас е физичар и многу добро знае дека куршумот не може да дојде до него поради густината на водата. А кога куршумот бил истрелан, набрзо ја променил својата траекторија и паднал на дното на базенот.

Сепак, колку и да изгледало ова безопасно, Андреас советува дека во ниеден случај не треба да го правите овој експеримент дома, бидејќи работите во неговиот случај се поставени под строги правила и прецизни пресметки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1