Лудило на евровизија: Калиопи на сцена ќе открие која е ДОНА инспирацијата за песната


Пред неколку дена, под куполата на Globen арена во Стокхолм почнаa пробите за Евровизија.

По минатогодишната победа на Манс, во голема мера потпомогната од анимацијата на симпатичното чиченце, оваа година има голем чекор напред во насока на користење на техники и технологии за да се создадат различни визуелни трикови на сцената. Ќе се користат импресивни 3D ефекти, во кои пеачите ќе се  буквално “вградени” во нив така што понекогаш ќе биде тешко да се направи разлика на реалноста од фикција (Русија), холограми (Ерменија, Австралија), креативна игра со камери, кои ќе се користат на пример да се конвертира главата на пејачот во волк (Кипар), или да се создаде калидоскоп (Грузија).

Credits: Andres Putting

Credits: Andres Putting

На сцената ќе видиме трик со карти и кец од ракавот (Естонија), трамболина (Литванија) а исландската пејачка на сцена ќе се обиде да се бори против злите сили кои ја напаѓаат. Босанското дуо ќе зборува преку бодликава жица, словенката ја прати акробат на шипка, додека зад израелскиот пејач на сцената се вртат двајца играчи во обрачи, и го симулираат движењето на небеските тела.

Покрај босанската приказна за бегалците од војната, меѓу темите се и српската приказна за насилството врз жените, како и Украина која има песна со историска позадина.

Меѓу фаворитите за победа е Русија (во случај Сергеј Лазарев успее на сцената да ја изведе многу тешката кореографија, а да не падне од комплицираната конструкција, како што му се случи на пробата)

Credits: Thomas Hanses (EBU)

Credits: Thomas Hanses (EBU)

Шведска (која, за разлика од Русите, е минималистичка во настапот), Украина (кој ќе се потруди да победи на емоција), егзотичните Австралијанци (во случај на победа следната година ќе биде домаќин Германија), како и певливата Франција.

Нашата Калиопи, која учествува во второто полуфинале на 12 мај, на проба за прв пат се појави вчера. Иако не и е прв пат да учествува на евровизија и да се натпреварува, изјави дека претходната ноќ не спиела воопшто, бидејќи била возбудена “како дете”.

Credits: Andres Putting

Credits: Andres Putting

Нејзиниот настап може да се опише како класичен и елегантен, каде ги нагласува своите импресивни вокални способности, се обрнува внимание на кадар со (на пробите празен стол) во публиката каде, како Калиопи ја покажува својата инспирацијата за песната – стол каде што ќе седи Дона. На сцената ќе носи елегантен долг црн фустан со бел дел назад. Се чини дека, во ерата на конкуренцијата и визуелна “измама” со високата технологија , Македонија ќе се обиде да нè потсети дека не треба да се заборават човечките вредности, особено љубовта кон ближниот.

Со оглед на многу големата конкуренција во полуфиналето, шансите на Македонија да се квалификува за финалето според обложувањето барем се оценети како ,,на ивица,,. Но се надеваме дека Калиопи со нејзината искреност и убедлива презентација, како и одличните вокални способности ќе успее да ги освои срцата на публиката, како и пред 4 години, а ние тискаме палци

Гледајте Евровизија!

 

Борис Џапиќ За Mknews директно од Стокхолм

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1