„Луфтханза“ откажа 1300 летови поради претстојниот дводневен штрајк


„Луфтханза“ соопшти денеска дека откажува 1300 летови поради претстојниот дводневен штрајк на германскиот кабински персонал.

Германскиот синдикат ги повика пилотите и стјуардесите од компанијата „Луфтханза“ утре и в петок да организира штрајк, барајќи повисоки плати и подобри работни услови. Планирано е штрајкот да почне вечерва во 23 часот и да заврши в петок во истото време.

Авиокомпанијата посочува дека од штрајкот ќе бидат погодени околу 18 илјади патници.

Германската авиокомпанија побара од судот во Франкфурт да изрече забрана за штрајк на кабинскиот персонал, но Судот одлучи дека штрајкот е законски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1