Лукашенко прогласен за персона нон грата во ЕУ


Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за персона нон-грата во ЕУ .

Тие повикаа на нови, „слободни“ избори во оваа земја.

Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од Брисел.

„Претседателските избори во Белорусија на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер. Доверливите извештаи ја докажуваат победата на Светлана Тихановска. Затоа не го признаваме Александар Лукашенко за избран претседател и го сметаме за персона нон-грата во Европската унија. Му се придружуваме на белорускиот народ во неговото барање за нови и слободни избори“, се наведува во заедничката изјава на европарламентарците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1