Луксуз и разврат – еве како живее султанот од Брунеи (Видео)


Се проценува дека ова семејство е едно од најбогатите во светот, а само неговото богатство е над 20 милијарди долари, пренесува Business Insider. Султанот живее во палата со 1788 соби и 257 купатила. Тоа е втора по големина палата во светот, а по големина ја надминува само некогашната царска палата на династијата Минг. Во забранетиот град во Пекинг.

sultan bruneiСултанот има и гаража со 110 автомобили, штали за своите 200 пони коњи во кои има инсталирано и клима уред и 5 базени

Приказните за екстравагантниот живот на султанот и неговото семејство не се нови. Неговиот брат, принцот Џефри е уште поголем љубител на автомобили. Тој има 2300 автомобили. Честопати се одмора на својата луксузна јахта која ја нарекол – “Ци*ки”. Исто така во складност со името на јахтата на помошните бродови им дал имиња “Брадавица 1” и “Брадавица 2”.

Султанот и неговото семејство често патуваат со нивната свита од 150 луѓе. Тој исто така на американскиот Дизни скапо му платил за да нивните ликови од тематските паркови ги донесат во Брунеи на детските роденденски забави. На забавите за возрасни се леел алкохол во потоци, кој инаку е забранет од султанатот и не може легално да се продава, а него и неговата свита ги забавувале љубовниците.

И младите членови на фамилијата се навикнати на трошење. Роберт Рангел, бивш шериф во Лос Анџелес, кој со години е задолжен за безбедноста на султанотво во САД,опишува како еден 14 годишен султанов внук во една пригода на Беверли Хилс дал на рака 500.000 долари за два Бентли автомобили.

Спрема зборовите на една од поранешните љубовници во овие привилегии може да уживаат само членовите на неговото семејство, додека за останатите важат поинакви закони. За сите останати внатре во Бурнеи, Муслиманите и останатите, слободите се ограничени. И сега тие ограничувања насилно ќе се спроведуваат со брутално насилство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1