Луна паркот ќе биде готов за Нова Година?


Изградбата на Луна паркот во Скопје, кој беше најавуван долг период, е почната пред три месеци и се очекува скопјани по 44 години да добијат нов, модерен забавен парк. Според најавите на градските власти, се очекува тој да почне да функционира од почетокот на новата година, а може и порано ако се поволни временските услови.

– Градот Скопје има распишано тендер и има избрано изведувач, кој пред три месеци почна да ги изведува градежните работи во паркот. Тоа значи подземна инсталација или инфраструктура, што подразбира фекална канализација, атмосферска канализација, водоводна и електрична мрежа под земјата. Исто така, оваа градежна фирма којашто е избрана треба да направи партерно уредување на целиот парк, покрај тоа ќе ја изгради и влезно-излезна партија, објекти за администрацијата, тоалети и други придружни објекти – изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Како што истакнуваат од Град Скопје, во новиот забавен парк ќе бидат поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински, 6 семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и други забавно-рекреативни содржини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1