Љупчо е најдобар полицаец, Зоран пожарникар, а Мирко крводарител во Скопје


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ги додели наградите за најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година.

-На овие вредни, пожртвувани и хумани луѓе од свое лично име и од името на моите сограѓани сакам да им се заблагодарам за посветеноста и стручноста со кои пристапуваат во извршувањето на своите работни задачи, спасуваат животи и придонесуваат за поголема безбедност и сигурност во нашиот град. На најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, изјави градоначалникот Трајановски.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Годинава, наградата за најдобар полицаец ја доби Љупчо Стојановски, вработен во УПС Полициска станица од општа надлежност во Гази Баба.

Стојановски во текот на оваа година има постигнато одлични резултати во откривањето кривични дела и расчистување на нарушувањата на јавниот ред и мир со непознати сторители. Меѓудругото, во 2014 година Стојановски има фатено на самото место тројца сторители и расветлено четири кривични дела – тешки кражби. Во име на полицаецот Стојановски, денеска наградата ја прими неговиот командир Томче Петрушев.

Наградата за најдобар пожарникар за 2014 година годинава ја доби кај Зоран Ј. Трајаноски, пожарникар-спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кој учествувал во гаснењето поголем број пожари и придонел за спасување човечки животи и за намалување на материјалните штети.

Наградата за најдобар крводарител во Скопје за 2014 година ја доби Мирко Инчевски, инаку, вработен во Клинички центар Скопје, кој досега дарувал крв 112 пати и е истакнат крводарител/мотиватор и вистински пример меѓу крводарителите.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1