Лустрациска: И Божин Павловски кодош


Кодош бил и академикот што неодамна си поднесе оставка од членството во МАНУ и во Друштвото на писатели. Ваква одлука донесе денеска Комисијата за лустрација, која врз основа на проверка на фактите што ги имала на располагање утврдила дека академикот бил соработник на тајната полиција во периодот на комунизмот.

bozin pavlovskiОдлуката е донесена со 8 гласови „за“ и еден против на членот Чедомир Дамјановски. Павловски во последно време беше најжесток критичар на македонската лустрација. Инаку, Друштвото на писателите на Македонија ја нарече лустрацијата хајка против македонските писатели.

Се претпоставува дека жртви на академикот биле лица од областа на културата и уметноста, сфера на која и лично тој и припаѓал. Лустраторот Дамјановски изрази сомнеж во одлуката, укажувајќи дека за лицето што денеска беше прогласено за соработник, се расправало пред една година и тогаш врз основа на документите што биле приложени, неговото досие се третирало за чисто.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1