Патничкиот воз Кичево-Скопје удрил во кран – 3 повредени


Патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во машина со кран која работела покрај пругата. Од ударот повредени се три лица кои по укажаната лекарска помош во Гостиварската болница се пуштени на домашно лекување.

voz-udri-covek-213673479001367347932_thumb_medium490_0Во несреќата повредени се помошникот на машиновозачот, 48-годишниот З.А.  од Скопје, управувачот на работната машина 28-годишниот Д.Н. од Охрид  и скопјанецот А.Ц. (63) кој патувал со возот.

Според СВР Тетово, незгодата се случила околу 13 часот, кога патничкиот воз  број 663 во близина на гостиварското село Тумчевиште удрил во дигалаката од работна машина, која се наоѓала покрај железничката пруга. Машината била поставена за работа на еден далеководите кои минуваат низ полошкото поле и најверојатно била ангажирана од компанијата МЕПСО.

Патниците од возот се пренесени со автобус до дестинациите на кои патувале.

На местото на настанот увид врши истражен судија и крим-техника кои треба да ги утврдат причините и материјалната штета од несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1