Фатени крадци – краделе од пациенти на Клиниката за пластична хирургија


Заеднички ограбувале пациенти, лекари, медицински сестри и студенти. Паричници, мобилни телефони и чанти биле цел на крадците кои во повеќе наврати краделе на Клиниката за пластична хирургија, јавува МРТ.

bolnici_hodnik-500Како што објави јавниот сервис крадците добро организирано „оперирале“ на Клиниката крадејќи од пациенти, студенти и доктори.

-Го користеле моментот да влезат во Клиниката кога се носи итен случај, регистрирани се како крадат од шкаф на лекар од неподвижен пациент и останати пациенти кои чекале за преглед.

Во изјава за телевизијата  директорката на Клиниката Смиља Туџарова Ѓоргова изјави дека снимките од безбедносните камерти помогнале крадците да бидат фатени.

Од полицијата потврдиле дека уапсени се две лица кај кои биле пронајдени паричници, часовници и останати украдени предмети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1