Мајката на Мицкоски позитивна на коронавирусот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека мајка му е позитивна на коронавирусот. Тој рече дека немал контакт со неа и дека нема да ги паузира своите активности.

– Излезе таква информација, да точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и сѐ веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена би рекол 5/6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине – изјави Мицкоски на новинарско прашање дали е точна информацијата дека мајка му е позитивна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1