Ма каков октопод – Охрид со златна рипка ќе “бира“ градоначалник


Охридското Супер радио утре точно напладне ќе организира “избор“ на градоначалник на Охрид

Кандидатите утре ќе ги избере златна рипка.

zlatna ripka 2“Се одлучивме на овој чекор за да се смири малку топката во Охрид, по сериозно зголемените тензии последниве неколку дена.

По примерот на октоподот Пол кој ги предвидуваше резултатите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, нашата ’Желба’ ќе одбере еден од кандидатите за нов градски татко.

Сакаме да дадеме еден скромен придонес како медиум во смирување на ’топката’ и токму затоа ги поканивме и двајцата кандидати, кои според последните рејтинзи имаат најголеми шанси за да седнат во првата фотелја на Охрид.

Доколку нивните штабови одлучат да присуствуваат би ни било задоволство како куќа за во една порелаксирана атмосфера ги пречекаме изборите“, вели главниот и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски.

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1