Една мачка во Варшава спасила петчлено семејство од опасно труење со јаглен-моноксид откако забележале дека миленикот чудно се однесува и бега во претсобјето. Поради мачорот повикале пожарникари, кои утврдиле дека концентрацијата на јаглен-моноксид, т. н. и „тивок убиец“, е толку голема така што за двете деца морале да се погрижат лекари.
– Семејството го збунило чудното однесување на мачорот. Мачорот одел несигурно, се однесувал поинаку од нормално и се сместил во ходникот што порано не го правел тоа. Затоа, повикале пожарникари. Кога дошле измериле високи концентрации на јаглен-моноксид – рекол за полската телевизија ТВН Варшава порпаролот на Пожарникарната стража Михаил Конопка.
Пожарникарите итно го евакуирале семејството, двете деца биле згрижени со полесни симптоми на труење со јаглен-моноксид, а на свежиот воздух брзо закрепнал и мачорот.
Секоја грејна сезона јаглен-моноксидот попознат како тивок убиец“, бидејќе е без боја и мирис, зема неколку стотитици животи во Полска, а и покрај непрекинатите апели на локалните власти, полицијата и на Пожарникарната стража, минатата година само во Мазовјецкото војводство во кое е Варшава се отруле 200 Пољаци.
Жителите на Варшава, инаку, се големи љубители на мачки и во полската престолнина под заштита на градските власти се и уличните мачки скитници, а Варшава дури на почетокот на оваа година направила и попис на мачките скитници, бидејќи еден градски советник се загрижил дека одеднаш ги има сè помалку, што се покажало како неточнно.
– Мачките кои слободно живеат на улица се многу важен дел од екосистемот. На природен и ефикасен начин нè штитат од присуство и размножување на глодарите, пред сè, на глувците и стаорците. Не се гледа на нив како на скитници без сопственик. Забрането е да се фаќаат, да се одведуваат и на кој било начин да им се отежнува животот – истакнала портпаролката на Варшава Агњешка Кломбо за грижата на градските власти за 29.618 мачки скитници.