Мачки терористи – еве како жителите на Брисел на интернет се борат со тероризмот (Фото)


Корисниците на социјалната мрежа Твитер од Брисел објавуваат фотографии со мачки и интересни пораки до терористите.

Причината за тоа е молбата од полицијата до граѓаните на Брисел кој што веќе трет ден е под полициска опсада поради лов на терористи и терористички закани, на социјалните мрежи да не споделуваат фотографии и информации за полициските акции кои можат да им помогнат на терористите во нивното бегство.

Screenshot_205
Полицијата смета дека со разните објави на Твитер кои можат да ги видат илјадници луѓе, нивните тајни операции можат да бидат разоткриени. Поради тоа, наместо фотографии од полициските акции, на Твитер сега се постираат само фотографии од мачки.

Само неколку часа откако полицијата преку официјално соопштение ги замоли граѓаните да не објавуваат фотографи и твитови со таква содржина, граѓаните на Брисел под ознака #BrusselsLockdown започнаа масовно да објавуваат фотографии од мачки со најразлични пораки како – „Нема да побегнете“ и „Нема да се сокриете“.

Очигледно е дека на овој начин граѓаните на Брисел добро се забавуваат, со оглед на тоа што Брисел моментално е под полициска опсада. Имено, деновиве во белгиската престолнина се вршат масовни рации, се трага по потенцијални радикални исламисти, како и по Салах Абдеслам, моментално најбараниот терорист во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1