Мачор преживеа перење и центрифуга


Деветмесечниот мачор Боби од британскиот град Нотингем, преживеа „перење“ во машина за алишта на 60 степени и центрифугирање и веќе се опоравува од последиците на „авантурата“.macka besnilo

Боби имал обичај да влегува во машината за перење алишта и неговата сопственичка Лиза Киф (47) случајно го затвориле во неа и ја пуштила да пере.

Лиза за Би-Би-Си изјави дека нејзиното домашно милениче секогаш го ваделе од машината пред да става алишта. Но, радозналоста на мачорот, како што објасни таа, овој пат најверојатно го натерала да се провлече во машината пред да ја вклучи.

Мачорот бил веднаш однесен на ветеринар, каде му е укажана помош и релативно брзо бил стабилизиран, па веќе следниот ден се вратил дома.

Ветеринарот не можел да го сокрие чудењето, затоа што никогаш порано во неговата долгогодишна кариера не видел ваков случај.

Но, според Лиза, овој случај има и добра страна. По перењето на 60 степени и центрифугирањето, Боби повеќе не се ни доближува до машината за перење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1