Слон со сурлата фрлил камен и убил девојче


Седумгодишно девојче при посета на зоолошката градина во Рабат, Мароко, било погодено со камен во глава од еден слон, по што починало.

Неименуваното девојче со семејството се фотографирало пред делот каде се наоѓал слонот. Нејзиниот татко ја кренал на рамениците додека позирале за фотографијата.slonен момент слонот со сурлата кренал камен и го фрлил во воздух, погодувајќи го притоа девојчето во глава.

Девојчето било одведено во болница во несвесна состојба, но лекарите не успеале да го спасат.

Сведоците велат дека семејството долго чекало амбулантно возило да дојде по девојчето.

Вработените во зоолошката градина во главниот град на Мароко го изразиле своето сочувство и изјавиле дека такви трагедии речиси и да не се случуваат.

Трагичниот настан бил снимен со камера.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1