На 24-ти јули 1911 година, американскиот истражувач Хирам Бингам го открил античкиот град на Инките, кој пред 400 години лежел напуштен. Истиот град се смета за едно од 7-те светски чуда на новиот свет.
На денешен ден пред 102 години бил откриен светиот град на Инките, Мачу Пикчу.
Овој „скапоцен камен“ останал скриен од светот 600 години, се додека не го открил Бингам.
Мачу Пикчу и денес претставува сведок за врвниот развој на цивилизацијата на Инките, а доказ за тоа се каналите за наводнување, поплочените патишта, тврдините, храмовите и камените згради, изградени од војската и врвните инжинери.
Затоа во 80-те години е внесен на листата на УНЕСКО како културно добро, а подоцна и како едно од седумте чуда на новиот свет.
Се верува дека градот бил изграден околу 1300 година, а 400 години бил напуштен. Причината за тоа најверојатно не било покорувањето од страна на Шпанците, туку епидемијата од сифилис, кој пристигнал во овие делови од Европа, а потоа и граѓанската војна.
Добрите познавачи веруваат дека Мачу Пикчу е изграден како имот на царот Pachacuti.
Она што го издвојува од другите градови е локацијата каде се наоѓа. 200 згради со врвна архитектура од тоа време се распоредени на врвот на три рида, а до него води познатиот „Пат на Инките“, кој се движи од градот Куско и трае 3 дена.
Denesen.mk