prostitucijaМилева Килибарда и Сенад Медуњанин се уапсени во акцијата наречена Порто, според пристаништето Порто Монтенегро каде најмногу се одвива јахтинг проституцијата. Таа е осомничена дека подведувала 4 девојки – една од Котор, една од Тиват и две од Србија. Договарала сексуални услуги од девојките на јахти, по хотели и во приватно сместување. За еден час секс со девојките муштеријата требало да плати 120 евра, а за цела ноќ 300 евра.

Од полицијата велат дека подолго време ја следеле мадам Милева и имаат силни докази против неа, како и против црногорските бизнисмени од нејзиниот тефтер – пишува Ало.рс. Од девојките земала половина од заработувачката. Милева е во едномесечен притвор, а Сенад кој е осомничен дека ги возел девојките, е пуштен да се брани од слобода.

Инаку, Милева Килибарда е претседателска на атлетскиот клуб од Тиват „Арсенал“.