Мадуро во ноќното обраќање до нацијата: Пучот пропадна


Бунтот е задушен. Венецуела никогаш нема да се предаде на империјалистичките сили, изјави рано изутрина, по локално време, венецуелскиот претседател Николас Мадуро, опкружен со своите соработници од извршната власт и воениот врв.

– Првата назнака за обид за државен удар ја откривме во вторник, околу 04.15 изутрина. Предводник беше фашистот Леополдо Лопез, но ние одговоривме со челични нерви, максимална будност и ефикасно дејствување, истакна Мадуро.

Лопез е дел од опозицијата, политички ментор на смаопрогласениот привремен претседател на државата Хуан Гуаидо. То по затворската казна беше ставен во домашен притвор, а на денот на обидот за преврат, побегнал од домашниот притвор и стоеше покрај Гуаидо кога тој го повика народот на востание, тврдејќи дека војската сега е на негова страна. Лопез, во меѓувреме побегна во чилеанската, а потоа во шпанската амбасада во Каракас.

– Бунтовниците имаа тешко вооружување, но нашата војска и национална гарда ги надвладеаја, тврди Мадуро.

Тој истакна дека учесниците во бунтот се на сослушување и оти ова нема да може да мине неказнето. Тој ги обвини своите противници за обид за предизвикување оружени судири меѓу Венецуелците со цел тоа да послужи како оправдание за странска воена интервенција.

– Сакаа да и овозможат на импертијата своите канџи да ги стави на Венецуела, алудирајќи на САД, кои отворено го поддржуваат Гуаидо.

– Но, веќе до пладне, 80 отсто од војниците кои учествуваа во пучот се одметнаа, а само дваесетина ги предадоа своите души на пучистите од екстремната десница, оцени Мадуро во својот речиси едночасовен говор. Тој, исто така, неваде, дека дел од пучистите побарале засолниште во бразилската амбасада во Каракас. Претходно, бразилските власти потврдија дека 25 лица побарале азил.

Со потсмешлив тон ги отвфрли тврдењата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој вчера тврдеше дека Мадуро планирал да побегне на Куба.

– Авионот на Николас Мадуро бил паркиран на аеродромот во Каракас и тој бил подготвен да замине, но Русите го наговараат да не ја напушта земјата, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за „Си-Ен-Ен“.

– Сењор Помпео, па дајте, ве молам, со потсмев коментираше Мадуро.

Ситуацијата во Каракас и натаму е тензична. Но Гуаидо и за денеска најави продолжување на протестите против венецуелскиот претседател.

– Мадуро сега ја нема поддршката на војска, изјави Гуаидо во видео-порака објавена на социјалните мрежи, а во која повикува на „мирољубив бунт“ против тиранинот.

– Цела Венецуела мора да биде на улиците, повика опозиционерот.

Западните медиуми оценуваат дека протестите најавени за денеска ќе претставуваат голем тест за Гуаидо, бидејќи доколку на улиците не излезат значителен број на граѓани, ќе бидат доведени во прашање неговите капацитети за да продолжи со напорите за симнување од власт на Мадуро.

Мадуро е на власт од 2013 година, кога го наследи својот ментор Уго Чавез. Сепак, од него наследи несигурна економија, која зависеше од високите цени на нафтата и системот на авторитарен популизам. Овој поранешен возач на камиони ја предводи администрацијата чие владеење е одбележано со хиперинфлација, недостиг на храна и лекови, рестрикции на струја, масовни протести, напади со дронови, дезертерство, санкции. Сепак, 56-годишниот голем фан на Џон Ленон и Лед Цепелин, секогаш успеваше да остане на власт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1