Убиениот маж кој денес наутро бил пронајден во центарот на Белград е Никола Бојовиќ, брат на Лука Бојовиќ, еден од лидерите на Земунскиот клан.
“Мажот имаше прострелни рани во главата, градниот кош, стомакот и подлактницата. Го најдовме во несвест и едвај можеше да диши”, изјавила Др. Макура и додала дека убиениот Бојовиќ бил пренесен на одделот за реанимација.
На местото на убиството биле сите надлежни полициски екипи кои се обидуваат да го расветлат случајот.
Според неофицијална информација, непознато лице се приближило до Бојовиќ и пред очите на неколку минувачи отворило оган кон него одзади. Бојовиќ паднал, а напаѓачот итрелал уште неколку куршуми кон него.
Никола Бојовиќ и сопругата на Лука Бојовиќ, Барбара беа уапсени на 11 октомври 2011 година со уште 22 членови на криминална група од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, осомничена за перење пари и трговија со дрога. Три недели подоцна сепак беа ослободени од затвор.
Лука Бојовиќ е во затвор во Мадрид изминатите 15 месеци. Тој се очекува да биде екстрадиран во Србија, каде е осомничен за неколку убиства.
Лука Бојовиќ бил означен како лидер на Земунскиот клан, криминална група на чие чело застанал во 2003 година, по убиството на премиерот Зоран Џинџиќ и полициската акција “Сабја” во која биле убиени претходните шефови на оваа група, Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ.