„Магичен“ спреј за изгореници од сонце


За негата на телото природата е вашиот најголем сојузник. Сезоната на одмори и сонце освен позитивна енергија и супер забава може да ви донесе и непријатни искуства. Станува збор за изгорениците од сонце кои може да бидат непријатни и може да ви ја уништат забавата.

Ако сте од оние кои често горат тогаш направете го овој спреј за изгореници за кој вашата кожа ќе ви биде благодарна.

СOСТОЈКИ

– ¼ чаша дестилирана вода

– ¼ шоља алое вера гел

– 1 лажичка цветна вода – hamamelis (Witch Hazel)

ПОДГОТОВКА

1. Во стаклено шишенце ставете ја водата и сите состојки во неа.

2. Затворете го шишенцето и промучкајте.

3. Мешавината распрскајте ја по кожата каде имате изгореници од сонце.

4. Постапката повторете ја неколку пати дневно, по желба и потреба.

Вашата кожа ќе биде мека, а изгоренивите ќе се смират бидејќи цветната вода во ваква комбинација е најдобриот антиоксиданс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1