Магичниот рудник кој лечи астма откриен од Александар Македонски (Видео)


Рудникот за сол Кевра, кој бил откриен дури во 320 година пред новата ера од страна на војниците на Александар Македонски е вториот најголем рудник на светот.

rudnik5Во неговите 40 километри долги тунели скриени сеџамија направена од камена сол, електрична железница и клиника за лечење астма. Кевра се наоѓа јужно од пакистанската престолнина Исламабад, а годишно истиот го посетуваат повеќе од 250 илјади посетители.

Рудникот и денес е најголем извор на сол во Пакистан, токму тука се произведуваат повеќе од 350 000 тони годишно, а ископувањата се вршат на 18 нивоа. Се со цел големиот рудник да не се сруши, само половина од пронајдената сол се ископува.

Експериментална клиника којашто е отворена во рудникот за лечење астма се повеќе привлекува пациенти од целиот свет.

Единствениот рудник за сол во светот, кој е поголем од овој во Пакистан, е рудникот Сифто во Канада.

wikipedia.org/wiki/Khewra_Salt_Mine

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1