Намалена видливост до 100 метри поради магла е регистрирана на патиштата кај Крушево. Кај Плетвар маглата е ретка, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, претежно по влажни коловози. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Од денеска до 19 овој месец во периодоот од 6 до 19 часот ќе се изведуваат теренски активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка. Сообраќајната сигнализација за времена измена на режимот на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од денеска стапи во сила законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.