Магла на патот Тетово – Попова Шапка, видливоста до 50 метри


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка, после Лисец, има магла со видливост 30 до 50 метри.magla

Како што соопшти ЈП „Македонија пат“, во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1