Магловито утро – Времето денес претежно сончево и ветровито


Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -8°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 11°C.

sun windВо Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи и претпладне, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од -2°C а максималната дневна температура ќе достигне до 6°C.

По студеното и понекаде магловито утро, во вторник во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -9°C до -2°C а максималните дневни температури ќе се движат од 6°C до 13°C.

Студено и магловито утро не очекува во среда со ниски утрински температури кои ќе се движат од -9°C до -2°C. Маглата понекаде ќе се задржи и во претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 8°C до 14°C.

weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1