policijaMKDПријавениот го извршил кривичното дело на 7-ми овој месец во 3:00 часот, на регионалниот пат Скопје – Велес, во село Јурумлери. Управувајќи патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблички, сопственост на неговиот татко Т.М., Д.М. удрил во Ј.М. (неговиот брат) и В.Б., двајцата од Јурумлери. Од силината на ударот двете прегазени лица здобиле тешки телесни повреди, а повреди имал и Д.М., како последица од претходна тепачка во која учествувале наведените лица, како и Б.Ј. од село Јурумлери и едно непознато лице. Сите се префрлени во Ургентниот центар на лекување.

Од налетот на возилото бил удрен и Б.Ј. кој не е повреди, но странично паднал во каналот покрај патот.

Според истрагата, кратко откако Д.М. заедно со својот брат излегол од ноќниот клуб „Лалара“ настанала тепачка во која учествувале двајцата, В.Б., Б.Ј. и непознато лице. Во тој момент, пријавениот влегол во возилото, го стартувал и со голема брзина, директно го насочил во правец на групата која ја сочинувале наведените лица кои во тој момент се тепале и со голема сила и брзина удрил во три од нив, бидејќи четвртото во последен момент се извлекло од удар. Д.М. директно го прегазил и сопствениот брат така што прво го удрил со возилото, по што со предните тркала преминал преку него и тој, по ударот, останал под возилото. Од силината на ударот и поради тежината на повредите со кои се здобиле, Ј.М. и В.Б. се задржани на болничко лекување.

Во СВР Скопје се извршени службени разговори со пријавениот, повредените и третиот учесник во тепачката. Д.М. потврдува дека со возилото го удрил својот брат и уште едно лице.