Му се заканува катастрофа на Беровско Езеро (Фото)


Жителите на Берово велат дека е вообичаено нивото на водата да варира во зависност од годишното време, но не паметат езерото толку да се намали за краток период.

Сув брег до недоглед, гребен што е пред лизгање, соголени карпи… тоа е првата сцена што деновиве ги дочекува посетителите на Беровско езеро, , чиј водостој драстично се намали во текот на оваа есен. Нивото на езерото е толку спуштено што дури и мерните ознаки што треба да го бележат водостојот се веќе целосно на суво.

berovsko-ezero-1a--620x508

Нивото на водата е десет метри пониско од предвидениот максимум за браната на акумулацијата, а до критичниот биолошки минимум остануваат уште осум метри. Жителите на Берово велат дека е вообичаено нивото на водата да варира во зависност од годишното време, но не паметат езерото толку да се намали за краток период.

Цело Берово и Малешевијата пијат вода од ова езеро. Но, изгледа сушата си го стори своето. Со месеци капка дожд нема паднато. Вака не било многу одамна– вели Атанас, продавач на мед во близина на езерото.

Сепак, чуварот на браната кај Беровското Езеро додава дека освен сушата, водостојот е намален и поради малата хидроцентрала што на почетокот од летово беше отворена во подножјето кај Ратевска Река.

Поради преголемиот одлив на вода од езерото и намалениот водостој, хидроцентралата кон крајот на минатиот месец престана да работи. Сепак и понатаму од акумулацијата се испуштаат околу 230 литри вода во минута која оди до беровскиот водовод, како и за одржување на еколошкиот минимум на Ратевска Река.

Хидроцентралата беше отворена на крајот од мај годинава, како јавно-приватно партнерство меѓу „Водостопанство“ – Берово и фирмата „Солар“. Некогашниот прв човек на беровското водостопанство, Атанас Атанасов, кој до пред еден месец беше на раководната позиција во јавното претпријатие, вели дека засега водостојот е ставен во мирување.

Берово мора да пие вода и мора да се одржи биолошкиот минимум на Ратевска Река. Намената на езерото е обезбедување вода за пиење на Берово, за наводнување, како и за производство на електрична енергија. Централата не работи речиси два месеца, па сега се користи само за пиење. Никој не е виновен што е годината сушна – вели Атанасов и додава дека хидроцентралата е предвидено да работи додека нивото на езерото е до десет метри од точката на прелевање на браната.

Атанасов објаснува дека намалувањето на водостојот ќе се спречи напролет, кога се очекуваат дождови и поголем дотек на вода, така што може да дојде до прелевање преку браната, кое, како што вели, би можело да го оштети ѕидот и да предизвика уште поголеми проблеми.

Целиот текст можете да го прочитате на телеграф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1