Билет за автобус ќе може да си купите и преку интернет


Билетите за автобуски превоз од февруари ќе може да се купат и преку интернет.

Ќе се букираат од дома, од работа, од секое место со интернет без да се губи време за одење на станица. Обврската за електронска наплата на билетите за  сите автобуски  станици  ја  пропиша Министерството за транспорт во измени на Законот за патен сообраќај. Се очекува најголеми корисници да бидат помладите генерации кои почесто прифаќаат промени со развој на ИКТ.

avtobuskaМесер Омерагиќ, концесионер на Меѓуградската автобуска станица во Скопје и сопственик на автобускиот превозник „Рулетурс“, вели дека целиот товар за примена на новината паѓа на автобуските станици, но оти новината е чекор напред за зголемување на квалитетот на автобускиот превоз на патници.

Законска рамка за пратките по автобус

Не ретки се случаите кога автобусите се алтернатива за брзо испраќање храна, документи, лекови, од една до друга дестинација. Во изминатиот период  Агенцијата за пошти тоа го оквалификува како нелојална конкуренција за поштенските опартори, но според Омерагич, таквите активности апсолутно не претставуваат приход за транспортната компанија. Проблемот може да се реши со лиценцирање на превозниците.

–  Тоа не го прави транспортната фирма. Не може да се забрани некој патник да му пријде на возачот и да му даде пратка, некој  праќа храна, дел за автомобил, упат за на лекар, протези… Тоа е проблем  што треба да се реши на друг начин, но апсолутно тоа не претставува  извор на приход на ниту една транспортна компанија. Тоа е услуга помеѓу возачот  и тој што ја праќа пратката. Ние имавме разговрои со Агенцијата за пошти и сме на располагање тој проблем да се реши. Сакаме тоа да се стави во рамка и да биде под контрола, не сакаме поштата да  мисли дека сме и нелојална конкуренција. Тоа би можело се регулирало со лиценца за  вршење поштенски услуги и апсолутно како превозници ќе преземе се што треба за да тоа влезе во законски рамки, вели концесионерот на Меѓуградската автобуска станица.

Курир

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1