Железничкиот сообраќај во државата е во прекин – сведоштва на патниците кои беа во возот кој се судри


Железничкиот сообраќај е целосно во прекин по вчерашниот судир на двата воза пред Велес.

vozz-sudirСе уште не се знаат причините поради кои дошло до судирот на патничкиот и товарениот воз  иако според неофицијални информации причината е човеков фактор. По судирот неколку вагони од товарниот воз се излетани од шините и направена ематеријална штета.  Од Железница информираат дека до крајот на денот се очекува железничкиот сообраќај да биде нормализиран

– Прво слушнавме јак удар а потоа возот три пати силно се затресе, некој од патниците почнаа да викаат и јас се уплашив. Останав да седам и не мрдав додека се смири ситуацијата. Потоа видов како од кабината излегоа машиновозачот и кондуктерот. Еден од нив беше со крвава глава. Потоа почнаа да зборуваат дека се случила сообраќајка и ни рекоа да седиме во вагонот додека не дојдат автобусите за да не зема, рече патничка од Гевгелија.

Таа заедно со стотина патници патуваше во третиот вагон на патничкиот воз од Скопје за Гевгелија кој вчера попладне, во 17.55 часот се судри со товарен воз на станицата „Рајко Жинзифов“ кај Велес, пишува Дума.мк.

maz-0313871560871387156055_thumb_medium490_0– Јас бев во првиот вагон. Слушнав силен тресок и по инерција завршив врз багажот. Имаше патници кои паѓаа на спротивните седишта а некои завршија во стаклата на прозорците. Имавме среќа што тоа се случи на излегување од станицата и возот не возеше брзо но се исплашив, раскажа патничка од Демир Капија.

Двата воза се сообраќале од Скопје кон Велес но на различни колосеци. Патниците од патничкиот воз рекоа дека возот во кој тие патувале бочно го удрил товарниот, во движење.

– По три силни  удари, возот се заниша, светлата се угасија а луѓето почнаа да викаат. Некој се држеа за глава, за нозе или раце. Со видливи повреди, раскрвавена глава, беше само еден од двајцата мажи кои излегоа од кабината на машиновозачот. Тие заминаа а ние останавме во возот. Сега наместо во Градско да бидам во 18.15 ќе стигнам во 23 часот, рече патник.

Повеќе на – Дума.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1