Маја, Александара и Бојана – убави и ептен опасни


Кај нашиот свеерен сосед повеќе мажите не се лидери на криминалните мафијашки групи. Мажите, доминираа пред десетина години, а сега настапуваат неколку жени, кои се закануваат да ја загрозат нивната репутација, открива Newsweek Serbia . Маја Адровац, Александра Улемек и Бојана Бајрушиќ. Убави, паметни, но пред сè – опасни.

Речиси сите куми на српската мафија биле омажени за шефови на подземјето, но некои од нив ги прифатиле споредните улоги во каналите. По смртта на своите партнери не се плашеле да ги преземат нивните бизниси.zeni-krimina1

“Можете да ме држите во затвор 40 години, но нема да ви кажам ништо”, рекла на сослушувањето Маја Адровац, осомничена за обид за убиство на бизнисменот Милан Бек.

На чаурата била пронајдена нејзина ДНК, а наводната атентаторка морала дома да го остави 5-месечното бебе за да ја изврши “задачата”. Со криминалните води е поврзан и нејзиниот сопруг Иван, кој бил доведуван во врска со Лука Бојовиќ и бандата “Пинк Пантер”.

Александра Ивановиќ била нарекувана “шефица” дури и од својот сопруг Милорад Улемек Легија, кој е осуден на 40 години затвор. Александра пред Легија била омажена со уште еден криминалец – Небојша Џорџевиќ Суч, а низ Белград кружеле информации дека Легија никогаш немало да се предаде доколку крај него била неговата сопруга.srbija zeni kriminal

Симбол на моќ

Криминологот Златко Николиќ за српски Kurir објаснил дека жените во српската мафија во главно биле застапени како поубавата половина на шефовите на подземјето.

“Криминалот традиционално не е женска работа. Меѓутоа, жените низ историјата избирале мажи мафијаши бидејќи претставувале симбол на моќ. Кога станувале плен на тие мажи веќе било доцна, и морале да ја играат доделената улога во семејството”, смета Николиќ.

Уште една жена на списокот шефици на мафијата е вдовицата на Владмир Ковачевиќ Треф, Бојана Бајрушиќ, која е обвинета дека како организатор на криминална група шверцери на цигари, од 1996. до 2000. година заработила повеќе од 50 милиони марки. Регионот бил потресен од апсењето на босанската манекенка Слободанка Боба Тошиќ, која бил обвинета за низа кривични дела, од грабежи до убиства.zeni-kriminal

Широк спектар – од дрога до финансии

Ангажирањето на жени во подземјето за ликвидација е многу ретко, а обично тие пренесуваат дрога и вредни метали.

Жените во последно време се вклучени во криминални бизниси како вешти финансиски експерти.

Сведокот-соработник Миладин Сувајџиќ ја вклучил својата мајка во бизнисот, па така кај неа биле пронајдени 15 килограми хероин и многу оружје.

Миланка Голубовиќ, мајката на Кристијан Голубовиќ, била уапсена под обвинение за трговија со дрога.

Оливера Крсмановиќ е првата жена во Србија осудена на 40 години затвор, откако на таксист му пукала во тилот.

Најпознатите светски мафијашки “куми” се: Гриселда Бланко, Марија Хименес, Ендина Феликс и Ема Коронел.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1