Маја Вукичевиќ го промовираше својот видеозапис за песната „Не сакам друг“. Музиката, текстот, аранжманот и аудиопродукцијата се дело на Александар Масевски, додека режијата е на Милчо Узунов од видеопродукцијата 3Д проект студио. Во видеото покрај Маја се појавува и моделот Алек Наумовски, а истото е снимано во два дена на седум локации низ Скопје.Во ретро стил, пејачката е прикажана во седум локации, каде ја докажува својата љубов.
Маја во присуство на новинарите и на нејзините соработници и пријатели им се заблагодари на Владата и на Министерството за култура, со чија помош го реализирала целиот проект за песната и за видеото.
Спотот се снимал два дена низ Скопје. Стајлингот на Вукиќевиќ во спотот е дело на Даниел Николовски. Како што изјави Маја на промоцијата, видеото претставува еден вид ретро фешн приказна.