Кога Клер Смит на крајот од 2011 ги собрала членовите на семејството да им соопшти дека има рак, нејзините деца биле на возраст од 16, 11, 5 и 1 година. Трите ќерки и синот останале шокирани од страшната вест, момчето се гушело во солзи.
Ужасната лага мајката ја одржувала во живот цела година, измислувајќи дека ракот се проширил и не може да се лекува. Но на најстарата ќерка Шерил, нешто почнало да и станува сомнително…
– Јас и мајка ми никогаш не се согласувавме но кога рече дека има рак, тоа се промени. Станав поблиска со неа. Моите баба и дедо починаа од рак, не сакав да ја изгубам и неа. Но по извесно време нешто ми стана сомнително. Зошто таа одеше во болница ноќе? Зошто не дозволуваше никој да оди со неа? Зошто ја бричеше главата кога од хемотерапијата косата сама паѓа. Зошто паѓаше во несвест секој ден точно 10 минути откако ќе се вратам од училиште?
Сега 19 годишната Шерил вели дека сомнежите и се потврдиле откако еднаш, на прашање како се одвива хемотерапијата, нејзината мајка опишала сцена од сапунска серија која ја гледале сите заедно.
Клер Смит (37) прв пат рекла дека има рак на крвта, на крајот од 2011. На почетокот од 2012 рекла дека ракот и се проширил на рбетот и дека нема да се спаси. Семејството доживеало уште еден удар.
– Но кога тоа ни го соопшти мајка ми не беше многу потресена. Немаше никаква емоција. Пак ми беше сомнително – вели Шерил.
Сопругот на Клер, 45 годишниот Крис кој работел како камионџија, секојдневно ја носел Клер во болница но не смеел да влезе со неа. Ја оставал пред болницата а потоа ја земал. Понекогаш „на хемотерапија“ ја носел ноќе. Нејзините пријателки пак во знак на поддршка во нејзината борба со болеста дури и истетовирале иста тетоважа за да ја охрабрат и покажат дека се со неа.
Во јуни 2013 Шерил во лап топот на нејзината мајка нашла пораки со сексуална содржина кои на Клер и ги праќал непознат маж.
Шерил му кажала на татко и но тој не и поверувал!
– Мислев дека ќе побесни на мајка ми но тој ми се налути мене и ме потсети дека таа има неизлечива болест – вели Шерил.
По неколку месеци Шерил го напуштила домот и почнала да живее сама. Тогаш почнала со „детективската работа“ – се јавила во болницата каде мајка и наводно одела на хемотерапија. Таму никој не чул за името на нејзината мајка. Пак му кажала на татко и и тој пак не и верувал. Но во октомври 2012 пријател на татко и, чиј партнер починал од рак, ја следел Клер кога рекла дека ќе оди во болница и видел дека оди кај некој маж.
– Ми се јави на татко ми и му кажа се. Тој дури тогаш поверува.
Таа вечер Крис и Клер имале голема кавга но на крајот признала – приказната за ракот била измислена да ги прикрие состаноците со љубовникот!
Клер се отселила од дома, а Шерил се вратила да му помага на татко и со нејзините браќа и сестри. Нејзината мајка нема право воопшто да ги види децата.
– Понекогаш морам да се штипнам да сфатам дека сето ова е вистина. Не разбирам зошто тоа го стори. Ако била несреќна со тато зошто едноставно не го напуштила? Зошто целото семејство го втурна во пекол? За тоа никогаш нема да и простам – вели Шерил