Четирисет и две годишната Фатма Биринци и нејзината 21-годишна ќерка Гаде пред три години ја напуштиле својата родна Сирија поради страв од војната. Сега во една турска болница им се случило нешто што им дава надеж и им ги разубавува деновите.
Имено, тие двете во исто време со царски рез се породиле во една турска болница. Во иста недела дознале дека се бремени и двете чекале момчиња. Децата ги крстиле Реџеп и Тајип по турскиот претседател Ердоган.
Еркан Аташ, главниот доктор на болницата, ги посетил двете мајки по породувањето. И понатаму не се знаат татковците на децата и дали присуствувале на породувањето.