КОМПАНИЈА ОД МАКЕДОНИЈА ВО ЛИСТАТА НА ТОП 100 2017 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА


Десетта година по ред, СиЊуз (анг. “SeeNews“, www.seenews.com), провајдер на деловни информации, го објавува своето годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година, како и првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа.

Покрај водечкото рангирање на најголемите нефинансиски компании по вкупниот остварен приход, најголемото издание на “СиЊуз ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг. “SeeNews SEE TOP 100“, www.top100.seenews.com) вклучува и под-рангирање на најпрофитабилните и најдинамичните компании, компаниите кои оствариле најголеми загуби, најуспешните индустрии и компаниите кои се со најголем приход по глава на жител – за 2016 година, како и за изминатата деценија. Овие рангирања се надополнети со интервјуа со лидерите од секој сектор и анализи на најбрзо растечките индустрии, овозможени од експерти во индустријата.

Македонија во “SeeNews TOP 100 SEE”

Македонија учествуваше во “ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг. “SEE TOP 100”) рангирањето со еден претставник, исто како и минатата година – хемиската компанија Џонсон Мети (Johnson Matthey). Компанијата ги подобри своите перформанси, издигнувајќи се од 24. место во 2016 година на 17. место оваа година, со 12% пораст во вкупниот приход.
Пет македонски кредитори беа дел од “ТОП 100 Банки“ (анг. “TOP 100 Banks”) рангирањето. Комерцијална Банка А.Д. е повторно најголемата Македонска банка, со рангирање на 45. место во споредба со банките од Југоисточна Европа. По неа, следуваат Стопанска Банка А.Д. – Скопје (52. место) и НЛБ Банка А.Д. Скопје (60. место).
Вкупно пет македонски претставници се најдоа на “ТОП 100 Осигурителни компании“ (анг. “TOP 100 Insurers”) ранг листата. Триглав Осигурување А.Д. Скопје е најголемата Македонска осигурителна компанија за 2016 година која на ранг листата го завзема 71. место.

Целосната содржина на десеттото издание на “SeeNews TOP 100 SEE“ е достапна на: www.top100.seenews.com.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1