Мајка и син утринава биле пронајдени убиени во куќа во скопската населба Козле.
Двете убиени лица, инаку турски државјани, имале повреди во пределот на главата, најверојатно од огнено оружје.
Она што досега познато е дека убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А. кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени.
Сопругата на Самет кобната ноќ се наоѓала во куќата, на горниот кат со нејзините родители. Нејзиниот сопруг и неговата мајка Ѓулчин Е.(52), по потекло од Бурса, Турција, спиеле на долниот кат од куќата, според првичните информации.
-Сопствениците на куќата кога се симнале на долниот кат каде спиеле нивните гости од Турција забележале дека се убиени, по што случајот е пријавен во полиција. Првично, според исказот на пријавителот никој не слушнал ништо. Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена, изјави помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Телата на убиените се предадени на обдукција, а полицијата превзема интензивни мерки за расчистување на случајот.