Ако сте вработен и се повредите било каде имате право на надомест – еве ги условите


Телесно оштетување постои кога кај осигуреникот ќе настане загубување, посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара поголем напор во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали причинува или не причинува инвалидност.

Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија.

Условите се следни:

work-injury-300x1791) телесното оштетување да е причинето  со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж или

2) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или

3) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест, доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Осигуреник кај кого телесното оштетување настанало пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работата или болест се здобива со право на надоместок за телесно оштетување ако на денот на настанувањето на телесното оштетување  имал својство на осигуреник и ако:

1) телесното оштетување  настанало до навршување на 20 години живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на осигурување;

2) телесното оштетување  настанало до навршување на 25 години живот, ако имал најмалку девет месеци стаж на осигурување и

3) телесното оштетување  настанало до навршување на 30 години живот, ако имал најмалку 12 месеци стаж на осигурување.

Право на паричен надоместок за телесно оштетување осигуреникот стекнува независно од тоа дали се стекнал и користи и некое друго право од пензиското и инвалидското осигурување.

Не се стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување од 30% до 40% според листата на телесни оштетувања, кое настанало како последица на болест или повреда надвор од работата, за телесно оштетување кое постоело пред стапувањето во работен однос, како и за подоцнежното влошување на тоа телесно оштетување. По исклучок кога пред стапувањето во работен однос постоело телесно оштетување на еден од парните органи, а подоцна настапи оштетување на другиот истоветен орган, осигуреникот стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување на двата органи.

Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување од следниве основици:

– 9% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со повреда на работа или со професионална болест и

–  7% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со болест или повреда надвор од работата.

Ако постојат две или повеќе телесни оштетувања вкупниот процент се определува на тој начин што на поголемиот процент се додава, и тоа по:

1) 20% за секое натамошно телесно оштетување од 50% или повеќе и
2) 10% за секое натамошно телесно оштетување од 40% и 30%.

На корисникот на паричен надоместок за телесно оштетување во случај на влошување на постојното телесно оштетување или нов случај на телесно оштетување, му се определува паричен надоместок според новиот, односно вкупниот процент на телесно оштетување.

ПРАВДИКО

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1