Во градот Алва во Шкотска пронајдено е тело на 5-годишно момче кое починало по „гнасен и насилен“ напад.
Детето било пронјадено во својата куќа со толку тешки повреди што на лекарот кој бил повикан не му преостанало ништо, освен да прогласи смрт.
Засега неидентификувана 32-годишна жена, за која се верува дека е мајка на детето, е приведена поради сомнение дека е одговорна за смртта.
Главниот инспектор на локалната полиција рекол дека засега немаат други осомничени.
-Ова е многу мирно подрачје и би сакал да нагласам дека ова е невообичаен инцидент, додал и на сограѓаните им порачал да бидат мирни.
Глетката на која полицајците и претставниците на другите служби наишле во семјната куќа наводно била толку мачна што сите по ред побарале психолошка помош.
Дејли Рекорд пишува дека мајката е со потекло од Зимбабве, а неофицијално се споменува дека станува збор за ритуално убиство. Детето било избодено со нож, а неговото срце било искорнато.