Мајка на 13 години, омажена за макро на 19 – животот на легендата Арета Френклин


Претседатели, музички легенди, холивудски ѕвезди и други јавни личности ѝ се наклонија на Арета Френклин, кралицата на соул музиката и вистински уникатен вокал, која почина денеска на 76-годишна возраст по тешко боледување.

Суперѕвездата која списанието „Rolling Stone“ ја прогласи за најдобрата пејачка на сите времиња, почина на 76 години во нејзиниот дом во Детроит, опкружена со семејството и пријателите.

Френклин почина од рак на панкреасот, болест со која се бореше од 2010 година. Нејзиното здравје беше сериозно оштетено од долгогодишниот алкохолизам, пушење и прекумерна дебелина, а таа дури лани соопшти дека конечно се повлекува од музичката сцена.

Френклин, чија кариера опфати седум децении, освои 18 награди Греми и е првата жена која беше примена во Рокенрол халата на славните во 1987 година. Таа остави непроценливо наследство зад себе и речиси да нема пејачка која денеска не ја истакна како своја инспирација.

„Ќе ни недостигаш, кралице“, напиша Опра Винфри на Твитер.

Таа за последен пат настапи во ноември минатата година, на гала настанот во Њујорк, организиран од фондацијата за борба против сида на Елтон Џон.

Пејачката се бореше со зависноста од алкохол речиси целиот нејзин живот.

Татко ѝ Кларенс Френклин, највлијателната личност во нејзиниот живот, бил многу успешен баптистички свештеник. Бил близок пријател со Мартин Лутер Кинг, возел „кадилак“, носел скапи костуми и чевли од алигаторска кожа. Славата само ја подгревала неговата промискуитетност што кулминирала со тоа што забременил 12-годишно девојче. Неговата црква станала место за оргии, што очевидци ги опишуваат како „секс-циркус“. Биографот Риц за оргиите напиша: „Пијани и издрогирани, присутните пируваа, славејќи го голото тело.“

Мајка ѝ си заминала кога Арета имала шест години, а три години подоцна починала, со што таа и другите деца биле израснати од низата девојки и секретарки на разузданиот татко.

Трауматизирана од смртта на мајка ѝ и под влијание на животниот стил на татко ѝ, Арета станала сексуално активна на многу рана возраст. Пејачот Сем Кук инсинуирал дека имале врска кога тој имал 23, а таа амо 12 години.

Арета го родила првиот од четирите синови само два месеци по нејзиниот 13-ти роденден и му дала име Кларенс, по татко ѝ. Одлучна да стане пејачка, се отпишала од училиште и се приклучила на госпел караванот на црквата на татко ѝ.

Дошла во Њујорк кога имала 18 години и потпишала договор со Atlantic Records. Музичкиот успех бил целосна спротивност на ужасот во нејзиниот приватен живот. Со првиот сопруг Тед Вајт се омажила на 19 години, во 1961 година. Тој бил брутален уличен криминалец и макро и ја финансирал нејзината кариера на почетокот со пари од проституција. Исто така, физички ја малтретирал Френклин, некогаш и пред други луѓе.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1