Лиса Вотлинг, 29-годишна мајка на 7 деца, почина поради компликации од кожна инфекција, затоа што одбила да оди на лекар.
Поради сериозната кожна инфекција, која се проширила на голем дел од ногата, докторите сакале да ја задржат на лекување, а најверојатно и да и ја ампутираат ногата за да се сопре инфекцијата.
Но Лиса одбила да се лекува затоа што не сакала да ги остави децата, па само пет недели по појавувањето на инфекцијата, починала.
Нејзиниот сопруг 32-годишниот Енди е шокиран од смртта на неговата млада сопруга, а нејзините шест синови Пејсли, Џејдон, Енсли, Луис, Мејсон, Киран и ќеркичката Амелија останаа без својата мајка.
Странските медиуми пишуваат дека оваа огромна трагедија треба да послужи како пример за сите кои ќе ја прочитаат.
Докторите советуваат веднаш да се побара медицинска помош доколку се појави каква било инфекција на телото, со цел да се избегнат вакви трагични настани.
Денешен.мк