Мајка на Тамара за НОВА: Го осудувам нападот, иако ми е татко


Мајка и на Тамара, Жаклина Димовска за Нова ТВ потврди дека лицето кое пукало во екс министерот Никола Тодоров е нејзиниот татко, 57-годишниот Љупчо Стојановски од село Каласлари. Таа вели дека е во шок поради нападот пред Министерство за здравство за што дознала од медиумите.

– Ништо не наговестуваше дека планирал такво нешто. Не знам од каде нашол пиштол. Револт во семејството постои но, никој не помислил на вакво нешто, не очекував дека ќе се случи ова. Убиството не е решение. Ова е шок за мене, го осудувам насилство иако ми е татко. Цел живот се борев за правда и еве штос е случи . Во моето семејство никогаш немало насилство – изјави Димовска, мајка и на малата Тамара девојчето кое почина чејаќи да замине на лекување во странство

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1