Напаѓачот на Тодоров е во полициска станица (ВИДЕО)


foto – Vest.mk

Шеесетгодишниот Љ.С. од велешкото село Долно Каласлари, е човекот кој денеска напладне испукал три куршуми кон поранешниот министерот за здравство, Никола Тодоров.

Најверојатно велешанецот е дедо на деветгодишната Тамара.

Тој веднаш по пукањето беше приведен и е однесен во полициска станица.

Министерството за внатрешни работи по настанот официјално соопшти:

„Денеска околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во Скопје, според првичните сознанија лицето Љ. С.(60) од село Долно Каласлари, велешко испукал два проектили од пиштол кон поранешниот министер за здравство Н.Т. кој не е повреден по нападот.
Од страна на полициски службеници Љ.С. е приведен на местото на настанот, каде што e пронајдена една чаура. Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1