Мајка се запалила – “Не можев да гледам како децата ми гладуваат” (Видео/Фото)


Мајка не знаејќи што да прави во безизлезната ситуација во која се наоѓала, се запалила, за да не ги гледа своите гладни дечиња како страдаат.

marijam-kaovleh-5Се работи за младата Маријам Каовлех од Сирија која иако побарала помош поради бедата во која живее, не добила, па не знаејќи што да прави, се полила со бензин и се запалила.

-Ја избрав смртта, не можев да гледам како моите деца умираат милион пати пред мене, изјавила таа за новинарите на „CNN“.

Таа моментално се наоѓа во болница , а како и повеќето бегалци од Сирија, вели дека животот и е тежок, живее во беда, постојано мигрира.

marijam-kaovleh-6Семејството тврди дека се жалеле, но не добиле одговор, поради што Маријам решила да си го одземе животот .

-Одев секаде, зборував , но ме лажеа, ми се смееја и викаа да си заминам од таму. Таа каде и да одела се заканувала дека ќе се запали, но ниедна од организациите каде се обратила за помош не ја послушала.

Сега од ОН се надеваат дека семејството ќе може да добие помош и да биде ставено на листа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1