Петгодишно момченце го спаси неговата мајка од канџите на пума во американската сојузна држава Колорадо, објави во саботата локалната полиција.
Детето се здобило со тешки поведи по вратот, лицето и черепот, и е хоспитализирано во стабилна состојба и се закрепнува во болницата во Денвер. Неговата мајка, пак, била полесно повредена во нападот на големата мачка.
Пумата нападнала додека момченцето играло со братот во дворот на семејната куќа, петнаесетина километри оддалечена до Аспен.
Мајката, избезумена од болните крици на децата, излетала во дворот и успеала од канџите на ѕверот да го истргне синот.
Пумата, или планинскиот лав како што се нарекува во овој дел од САД, е потоа пронајдена и застрелана од шумски чувари, соопшти полицијата која додава дека во петокот примила повеќе јавувања дека уште едно вакво животно е забележано во близина на куќи.
Иако популацијата на пумите во Колорадо е значителна, тие мошне ретко може да се видат во живо. Службата за национални паркови на сојузната држава по овој инцидент објави на интернет совети како да се однесуваат луѓето при средбата со животното, што вклучува мавтање и употреба на различни предмети и кревање бука.
Инаку, смртоносните напади од овие животни се исклучително ретки, па последните сто години во Северна Америка се регистрирани одвај десет жртви.