Мајка Тереза имала огромно богатство во Ватиканската банка


Мајка Тереза во Ватиканската банка имаше толку многу заштеда што без нејзините пари банката не би можела да работи, тврди италијанскиот новинар Џанлуиџи Нуци.

Тој во својата најнова книга „Источен грев“ пишува за „најмрачните тајни на Ватикан“ и наведува дека Мајка Тереза имала најголема заштеда во Ватиканската банка кога за нејзин претседател е поставен американскиот надбискуп Пол Маркинкус.

– Ако Мајка Тереза ги затвореше сметките или ги префрлеше парите во друга банка, институцијата ќе доживееше крах – наведува Нуци, додавајќи оти откриените сметки на Мајка Тереза се „доказ за долготрајното мешање на Маркинкус во Ватикан.

Мајка Тереза е добитничка на Нобеловата награда за мир, а Католичката црква ја прогласи за светица. Таа е родена во Скопје во 1910 година, а почина во Калкута 1997 година.

Нуци истакнува дека во Ватикан во времето на Маркинкус постоеше моќна група, а постои и денес, која ги стопира раформите на папата Франциско, како што беше случај и со Бенедикт Шеснаесети.

Нуци има објавено повеќе книги за Ватикан, меѓу кои и „Неговата светост“ за скандалите во Ватикан, како и за неодговорното трошење на пари на верниците. Книгата се темели на „протекувањето“ на тајни документи од Ватикан во аферата Ватиликс во 2015 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1